Почетна > Решавање проблеми > Пораки за грешки и одржување
Пораки за грешки и одржување
Како и кај секој софистициран канцелариски производ, можно е да се појават грешки и да треба да се замени испорачаната опрема. Ако се случи ова, уредот ќе ја идентификува грешката или потребното рутинско одржување и ќе ја прикаже соодветната порака. Највообичаените пораки за грешки и одржување се прикажани во табелата.
Следете ги инструкциите во колоната Дејство за да ја решите грешката и да ја отстраните пораката.
Сами можете да ги коригирате повеќето грешки и да вршите рутинско одржување. За повеќе информации, посетете: support.brother.com/faqs.
Порака за грешка | Причина | Дејство |
---|
2-sided Disabled (Двостраното е оневозможено) | Задниот капак на уредот не е целосно затворен. | Затворете го задниот капак на уредот додека да се прицврсти во затворената позиција. |
Фиоката за двострано печатење не е целосно вметната. | Добро вметнете ја фиоката за двострано печатење во уредот. |
Cannot Detect (Не можам да пронајдам) | Вашиот уред не може да ја открие касетата за тонер. | Извадете го склопот од касета за тонер и единица на барабан. Извадете ја касетата за тонер од единицата на барабан и повторно вметнете ја касетата за тонер во единицата на барабан. Повторно вметнете го склопот од касета за тонер и единица на барабан во уредот.
|
Вашиот уред не може да ја открие единицата на барабанот. |
Cannot Print (Не можам да печатам) ## | Уредот има механички проблем. |
|
Cartridge Error (Грешка со касетата) | Касетата за тонер не е правилно вметната. | Извадете го склопот од касета за тонер и единица на барабан. Извадете ја касетата за тонер и вратете ја во единицата на барабан. Повторно вметнете го склопот од касета за тонер и единица на барабан во уредот. |
Change T1 Paper? (Промени T1 хартија?) | Стандардната фиока за хартија не е вметната или не е правилно вметната. | Повторно вметнете ја стандардната фиока за хартија. |
Cooling Down (Ладење) | Температурата на внатрешноста на уредот е превисока. Уредот ја паузира тековната задача за печатење и влегува во режимот на ладење. | Почекајте да заврши ладењето на уредот. Уверете се дека не се попречени отворите за вентилација на уредот. Кога ќе се олади, уредот ќе продолжи со печатење. |
Cover is Open (Капакот е отворен) | Предниот капак не е целосно затворен. | Отворете го и потоа добро затворете го предниот капак на уредот. |
Капакот на фјузерот не е целосно затворен. | Затворете го капакот на фјузерот сместен во задниот капак на уредот. |
Drum ! (Барабан!) | Мора да се исчисти жицата со искричаво празнење во единицата на барабан. | Исчистете ја жицата со искричаво празнење во единицата на барабан. ![]()
Ако проблемот продолжува, заменете ја единицата на барабан со нова. |
Единицата на барабан или склопот од касета за тонер и единица на барабан не се правилно инсталирани. | Извадете ја единицата на барабан, извадете ја касетата за тонер од единицата на барабан и вратете ја касетата за тонер во единицата на барабан. Повторно вметнете ја единицата на барабан во уредот. |
Drum End Soon (Барабанот е при крај) | Единицата на барабан е при крајот на својот работен век. | Нарачајте нова единица на барабан пред да се прикаже на LCD-екранот Replace Drum (Заменете го барабанот). |
Jam 2-sided (Заглавено во фиоката за двострано печатење) | Хартијата е заглавена во фиоката за двострано печатење или во задниот капак. | Одглавете ја хартијата во фиоката за двострано печатење или во единицата на фјузер. |
Jam Inside (Заглавена хартија внатре) | Хартијата е заглавена во внатрешноста на уредот. | Отворете го предниот капак, извадете ги барабанот и тонерот и одглавете ја хартијата. |
Jam Rear (Заглавена хартија назад) | Хартијата е заглавена во задниот дел од уредот. | Отворете го капакот на фјузерот и извадете ја заглавената хартија. Затворете го капакот на фјузерот. Ако пораката за грешка останува, притиснете Go (Оди). |
Jam Tray 1 (Заглавено во фиока 1) | Хартијата е заглавена во прикажаната фиока за хартија. | Извадете ја фиоката за хартија прикажана на LCD-екранот и извадете ја заглавената хартија. |
Manual Feed (Рачно ставање) | Manual (Рачно) е избран како извор на хартија во двигателот за печатачот, но во отворот за рачно ставање нема хартија. | Ставете хартија во лежиштето за рачно вметнување хартија. |
Media Mismatch (Несовпаѓање на медиумите) | Типот содржина одреден во двигателот за печатачот се разликува од типот хартија одреден во менито на уредот. | Ставете го соодветниот тип хартија во фиоката прикажан на LCD-екранот, а потоа изберете го соодветниот тип содржина во поставката Тип хартија на уредот. Притиснете Go (Оди). |
No Drum Unit (Нема единица на барабан) | Единицата на барабан не е правилно вметната. | Повторно вметнете го склопот од касета за тонер и единица на барабан.
|
No Paper (Нема хартија) | Нема хартија во уредот или хартијата не е правилно ставена во фиоките за хартија. |
|
No Paper T1 (Нема хартија во фиока T1) | Уредот не може да земе хартија од прикажаната фиока за хартија. | Направете нешто од следново:
|
No Toner (Нема тонер) | Касетата за тонер или склопот од касета за тонер и единица на барабан не се правилно вметнати. | Извадете го склопот од касета за тонер и единица на барабан. Извадете ја касетата за тонер од единицата на барабан и повторно вметнете ја касетата за тонер во единицата на барабан. Повторно вметнете го склопот од касета за тонер и единица на барабан во уредот. Ако проблемот продолжува, заменете ја касетата за тонер со нова.
|
Out of Memory (Нема меморија) | Меморијата на уредот е полна. | Притиснете и задржете Go (Оди) околу две секунди и намалете ја резолуцијата за печатење. |
Replace Drum (Заменете барабан) | Време е да се замени единицата на барабан. | Заменете ја единицата на барабан со нова.
|
Ако оваа порака се појави по замена на единицата на барабанот, бројачот на единицата на барабанот не е ресетиран. | Ресетирајте го бројачот на единицата на барабан.
|
Replace Toner (Замени тонер) | Касетата за тонер е на крајот на својот работен век. | Заменете ја касетата за тонер со нова.
|
Self-Diagnostic (Самодијагностицирање) | Единицата на фјузерот не работи правилно. | Притиснете и задржете |
Единицата на фјузер е прежешка. |
Size Error (Грешка на големина) | Фиоката за хартија што ја избравте не ја поддржува големината на хартијата наведена во двигателот на печатачот. | Променете ги поставките на двигателот на печатачот или поставките за фиоката на уредот така што големината на хартијата избрана во двигателот на печатачот ќе одговара на големината на хартијата ставена во избраната фиока. |
Size Error DX (Грешка на големина DX) | Големината на хартија одредена во поставката за големина на хартија во уредот не е соодветна за автоматско двострано печатење. | Ставете хартија со соодветна големина во фиоката и поставете ја фиоката за таа големина на хартија. Изберете големина на хартија соодветна за двострано печатење. Притиснете Go (Оди). Големина на хартија соодветна за автоматско двострано печатење е A4. |
Хартијата во фиоката не е со соодветна големина и не е соодветна за автоматско двострано печатење. |
Size Mismatch (Несовпаѓање на големината) | Хартијата во фиоката не е со соодветна големина. | Ставете хартија со соодветна големина во фиоката прикажана на LCD-екранот и поставете ја големината на хартија за фиоката. Притиснете Go (Оди). |
Toner Ended (Тонерот заврши) | Време е да ја замените касетата за тонер. | Заменете ја касетата за тонер со нова.
|
Toner Low (Ниско ниво на тонер) | Ако на LCD-екранот се прикажува поракава, може и понатаму да печатите. Касетата за тонер е при крајот на својот работен век. | Нарачајте нова касета за тонер за да ви биде достапна кога на LCD-екранот ќе се прикаже Replace Toner (Замени тонер). |