Замена на касетата за тонер

  1. Осигурете се дека уредот е вклучен.
  2. Отворете го предниот капак.
    image
  3. Отстранете го склопот од касетата за тонер и единицата на барабанот од уредот.
    image
  4. Притиснете ја зелената рачка за блокирање надолу и извадете ја касетата за тонер од единицата на барабанот.
    image
  5. Отпакувајте ја новата касета за тонер.
  6. Отстранете го заштитниот капак.
    image
  7. Држете ја касетата за тонер за рачката и протресете ја од лево кон десно неколку пати, како што е прикажано. Потоа цврсто турнете ја во единицата на барабанот додека не легне во лежиштето.
    image
    image
    Проверете дали сте ја ставиле касетата за тонер правилно или во спротивно може да се одвои од единицата на барабанот.
  8. Исчистете ја жицата со искричаво празнење во единицата на барабанот, така што нежно ќе ја лизгате зелената картичка одлево надесно и оддесно налево неколку пати.
    image
    image
    Вратете ја картичката во почетната позиција (image). Стрелката на картичката мора да биде порамнета со стрелката на единицата на барабанот. Ако не е порамнета, отпечатените страници може да имаат вертикална линија.
  9. Повторно поставете ги склопот од касетата за тонер и единицата на барабанот во уредот.
    image
  10. Затворете го предниот капак на уредот.
    image
    • Не исклучувајте го уредот и не отворајте го предниот капак додека уредот не се врати во режим на подготвеност.

    • Касетата за тонер што доаѓа со вашиот уред на Brother е касета за тонер во куќиште.
    • Добра идеја е да имате нова касета за тонер подготвена за употреба кога ќе го видите предупредувањето Тонерот е при крај.
    • НЕМОЈТЕ да ја отпакувате новата касета за тонер додека не сте подготвени да ја поставите.
    • Ако касетата за тонер остане неотпакувана подолго време, животниот век на тонерот ќе биде намален.
    • Препорачуваме да користите оригинални потрошни материјали на Brother за да се обезбеди стабилен квалитет и перформанси на печатењето. Иако можеби не сите неоригинални потрошни материјали ќе предизвикаат проблеми со квалитетот, можно е некои негативно да влијаат на квалитетот на печатењето или да предизвикаат дефект на уредот. Brother може да наплати за поправка на вашиот уред ако се докаже дека неоригиналните потрошни материјали ја предизвикале штетата, дури и ако уредот е сè уште под гаранција.
Дали оваа страница беше корисна?