Почетна > Решавање проблеми > Подобрете го квалитетот на печатењето

Подобрете го квалитетот на печатењето

Ако имате проблем со квалитетот на печатењето, прво отпечатете тест-страница. Ако отпечатокот изгледа добро, најверојатно, проблемот не е до уредот. Проверете ја врската со кабелот за интерфејс и обидете се да отпечатите различен документ. Ако има проблем со квалитетот на отпечатокот или отпечатената тест-страница од уредот, проверете ги примерите со слаб квалитет на печатење и следете ги препораките од табелата.

  1. За да добиете најдобар квалитет на печатење, предлагаме да ги користите препорачаните медиуми за печатење. Хартијата што ја користите мора да биде во согласност со нашите спецификации.
  2. Проверете дали касетата за тонер и единицата на барабанот се правилно поставени.
Примери за печатење со слаб квалитет Препораки
image
Бледо
  • Ако на уредот се појави статус Замени го тонерот, ставете нова касета за тонер.

  • Проверете ја средината на уредот. Условите на влажност, високи температури, итн., може да предизвикаат грешки во печатењето.

  • Ако целата страница е премногу светла, можеби е вклучен режимот за штедење тонер. Исклучете го режимот за штедење тонер во менито со поставки за уредот или двигателот на печатачот.

  • Исчистете ја единицата на барабанот.

  • Исчистете ја жицата со искричаво празнење на единицата на барабанот.

  • Заменете ја касетата за тонер со нова касета за тонер.

  • Заменете ја единицата на барабанот со нова единица на барабан.

image
Сива заднина
  • Проверете ја средината на уредот. Условите како што се високи температури и високо ниво на влажност може да ја зголемат количината на заднинско сенчење.

  • Исчистете ја единицата на барабанот.

  • Заменете ја касетата за тонер со нова касета за тонер.

  • Заменете ја единицата на барабанот со нова единица на барабан.

image
Замаглени слики
  • Проверете ја средината на уредот. Условите на ниско ниво на влажност и ниски температури може да предизвикаат проблеми со квалитетот на печатењето.
  • Изберете соодветен вид на медиум во двигателот на печатачот.

  • Проверете дали двете зелени рачки во внатрешниот дел од задниот капак се во горна позиција. Повлекувајте ги двете зелени рачки додека да запрат.
    image
  • Исчистете ја единицата на барабанот.

  • Заменете ја единицата на барабанот со нова единица на барабан.

  • Заменете ја касетата за тонер со нова касета за тонер.

  • Единицата на фјузерот може да биде загадена.

    Контактирајте со службата за корисници на Brother.

image
Дамки од тонер
  • Проверете дали поставките за видот на медиумот во двигателот на печатачот одговараат на видот хартија што го користите.
  • Исчистете ја единицата на барабанот.

  • Касетата за тонер може да биде оштетена.

    Заменете ја касетата за тонер со нова касета за тонер.

  • Единицата на барабанот може да биде оштетена.

    Заменете ја единицата на барабанот со нова единица на барабан.

  • Единицата на фјузерот може да биде загадена.

    Контактирајте со службата за корисници на Brother.

image
Печатење со празнини
  • Изберете режим Thick Paper (Дебела хартија) во двигателот на печатачот или користете потенка хартија од онаа што ја користите во моментот.

  • Изберете го соодветниот вид на медиум од опциите за тип хартија на вашиот уред.

  • Проверете ја средината на уредот. Условите како што е високо ниво на влажност може да предизвикаат печатење со празнини.

  • Единицата на барабанот може да биде оштетена.

    Заменете ја единицата на барабанот со нова единица на барабан.

image
Само црно
  • Исчистете ја жицата со искричаво празнење внатре во единицата на барабанот.

  • Единицата на барабанот може да биде оштетена.

    Заменете ја единицата на барабанот со нова единица на барабан.

image
Бели линии преку страницата
  • Изберете соодветен вид на медиум во двигателот на печатачот.

  • Изберете го соодветниот вид на медиум од опциите за тип хартија на вашиот уред.

  • Проблемот може да исчезне сам од себе. Отпечатете неколку празни страници за да го средите овој проблем, особено ако уредот не се користел долго време.

  • Исчистете ја единицата на барабанот.

  • Единицата на барабанот може да биде оштетена.

    Заменете ја единицата на барабанот со нова единица на барабан.

image
Линии преку страницата
  • Исчистете ја единицата на барабанот.

  • Единицата на барабанот може да биде оштетена.

    Заменете ја единицата на барабанот со нова единица на барабан.

image
Бели линии, ленти или мрежи преку страницата
  • Проверете ја средината на уредот. Условите на високо ниво на влажност и високи температури може да предизвикаат проблеми со квалитетот на печатењето.

  • Исчистете ја единицата на барабанот.

  • Ако проблемот не се реши по печатењето на неколку страници, заменете ја единицата на барабанот со нова единица на барабан.

image

Бели точки на црн текст и графикони на интервали од 94 mm

image

Црни точки на интервали од 94 mm

  • Направете 10-15 копии од празен, бел лист хартија. Ако проблемот не се реши по печатењето на неколку страници, можеби на површината на барабанот е залепен друг материјал, како што е лепак од ознаката. Исчистете ја единицата на барабанот.

    imageimage Поврзани информации:Чистење на единицата на барабанот

  • Единицата на барабанот може да биде оштетена.

    Заменете ја единицата на барабанот со нова единица на барабан.

image
Траги од црн тонер преку страницата
  • Ако ги користите листовите со ознаки за ласерските печатачи, лепакот од листовите може понекогаш да се залепи на површината на барабанот.Исчистете ја единицата на барабанот.

    imageimage Поврзани информации:Чистење на единицата на барабанот

  • Ако сте користеле хартија со спојувалки, единицата на барабанот може да биде оштетена.

  • Ако неотпакуваната единица на барабанот е изложена на директна сончева светлина (или собна светлина на подолг временски период), единицата може да се оштети.

  • Исчистете ја единицата на барабанот.

  • Касетата за тонер може да биде оштетена.

    Заменете ја касетата за тонер со нова касета за тонер.

  • Единицата на барабанот може да биде оштетена.

    Заменете ја единицата на барабанот со нова единица на барабан.

image
Црни линии надолу по страницата

Отпечатените страници имаат дамки од тонер по страницата

  • Исчистете ја жицата со искричаво празнење во единицата на барабанот со лизгање на зелената картичка.

    image

    Проверете дали зелената картичка на жицата со искричаво празнење е во почетната положба (1).

    image

  • Избришете ја лентата на стаклото на скенерот со сува, мазна и мека крпа.
  • Касетата за тонер може да биде оштетена.

    Заменете ја касетата за тонер со нова касета за тонер.

  • Единицата на барабанот може да биде оштетена.

    Заменете ја единицата на барабанот со нова единица на барабан.

  • Единицата на фјузерот може да биде загадена.

    Контактирајте со службата за корисници на Brother.

image
Бели линии надолу по страницата
  • Проверете дали има страни тела, како што е скинато парче хартија, лепливи ливчиња или прашина во уредот и околу касетата за тонер и единицата на барабанот.

  • Касетата за тонер може да биде оштетена.

    Заменете ја касетата за тонер со нова касета за тонер.

  • Единицата на барабанот може да биде оштетена.

    Заменете ја единицата на барабанот со нова единица на барабан.

image
Искривена слика
  • Поставете го документот правилно во ADF или врз стаклото на скенерот ако доаѓа до заглавување само кога копирате.
  • Проверете дали е правилно ставена хартија или друг медиум за печатење во фиоката за хартија, и дали лизгачите премногу го притискаат или премногу се разлабавени на купот од хартија.

  • Поставете ги правилно лизгачите за хартија.
  • Фиоката за хартија е преполна.
  • Проверете ги видот и квалитетот на хартијата.
  • Проверете дали има слободни предмети во уредот, како што е искината хартија.
  • Ако проблемот се јавува само при автоматско 2-страно печатење, проверете дали има искината хартија во двостраната фиока. Проверете дали двостраната фиока е целосно вметната и дали задниот капак е целосно затворен.

image
Извиткана или брановидна слика
  • Проверете ги видот и квалитетот на хартијата. Високите температури и високиот степен на влажност предизвикуваат извиткување на хартијата.

  • Ако не го користите уредот често, хартијата може да била предолго во фиоката за хартија. Завртете го купот од хартија во фиоката за хартија. Исто така, разлистајте го купот од хартија, а потоа завртете ја хартијата за 180° во фиоката за хартија.

  • Отворете го задниот капак (излезна фиока со лицето нагоре) за отпечатената хартија да излегува на излезната фиока со лицето нагоре.

  • Изберете режим Reduce Paper Curl (Намали туткање хартија) на двигателот на печатачот кога нема да ги користите нашите препорачани медиуми за печатење.

image
Стутканост или набори
  • Проверете дали хартијата е правилно поставена.
  • Проверете ги видот и квалитетот на хартијата.
  • Завртете го купот од хартија во фиоката или изротирајте ја хартијата за 180° во фиоката за хартија.

image
Лошо фиксирање
  • Проверете дали двете зелени рачки во внатрешниот дел од задниот капак се во горна позиција. Повлекувајте ги двете зелени рачки додека да запрат.
    image
  • Проверете дали поставките за видот на медиумот во двигателот на печатачот одговараат на видот хартија што го користите.
  • Изберете режим Improve Toner Fixing (Подобри фиксирање на тонерот) на двигателот на печатачот.

    Ако овој избор не даде доволно подобрување, променете ги поставките за двигателот на печатачот во Media Type (Тип медиум) на задебелена поставка. Ако печатите коверт, изберете Env. Thick (Коверт Дебела) во поставките за видот на медиуми.

image
Набори на коверти
  • Проверете дали, при печатење коверти, двете зелени рачки од внатрешната страна на задниот капак се повлечени надолу во позиција за коверт. Откако ќе завршите со печатење, ресетирајте ги рачките назад во оригиналната позиција. Повлекувајте ги рачките додека да застанат.
    image
  • Проверете дали ковертите се печатат со отворен заден капак (излезна фиока со лицето нагоре).

  • (За модели со отвор за рачно дотурање)

    Проверете дали ковертите се повлекуваат само од просторот за рачно повлекување.

Дали оваа страница беше корисна?