Почетна > Решавање проблеми > Проблеми со телефонот и факсот
Проблеми со телефонот и факсот
Телефонска линија или врски
Проблеми | Предлози |
---|---|
Бирањето не функционира. (Нема тон на бирање) | Проверете ги сите поврзани кабли. Уверете се дека телефонскиот кабел е приклучен во телефонскиот ѕиден приклучок и во приклучокот LINE на уредот. Ако се претплатите на услугите DSL или на услугите VoIP, контактирајте со вашиот давател на услуги за упатства за поврзување. |
(Достапно само за одредени земји). Променете ја поставката Тон/Пулс. | |
Ако на уредот е поврзан надворешен телефон, испратете факс рачно подигајќи ја слушалката на надворешниот телефон и бирајќи го бројот со помош на надворешниот телефон. Почекајте да добиете тон за примање факс пред да го испратите факсот. | |
Ако нема тон на бирање, поврзете телефон што знаете дека работи и телефонски кабел во приклучокот. Потоа, кренете ја слушалката на надворешниот телефон и почекајте да слушнете тон на бирање. Ако и понатаму нема тон на бирање, побарајте од телефонскиот оператор да ги провери линијата и/или ѕидниот приклучок. | |
Уредот не одговара на повик. | Уверете се дека уредот е во правилниот Режим на прием според вашето поставување. Проверете дали има тон на бирање. Ако е можно, остварете повик до уредот за да слушнете дали ќе одговори. Ако и понатаму не одговара, уверете се дека телефонскиот кабел е приклучен во телефонскиот ѕиден приклучок и во приклучокот LINE на уредот. Ако не се слуша ѕвонење кога ќе го повикате уредот, побарајте од вашиот телефонски оператор да ја провери линијата. |
Справување со дојдовни повици
Проблеми | Предлози |
---|---|
Испраќање факс-повик до уредот. | Ако сте одговориле на интерен или надворешен телефон, внесете го Кодот за далечинска активација (фабричката поставка е *51). Ако сте одговориле на надворешен телефон, притиснете го копчето Start за да го примите факсот. Кога уредот ќе одговори, спуштете ја слушалката. |
Приспособени функции на една линија. | Ако имате Повик на чекање, Повик на чекање/ID на повикувач, ID на повикувач, Говорна пошта, телефонска секретарка, алармен систем или друга приспособена функција на една телефонска линија со уредот, тоа може да создаде проблем при испраќањето или примањето факсови. На пример: ако се претплатите на Повик на чекање или на некоја друга приспособена услуга и нејзиниот сигнал доаѓа преку линијата додека уредот испраќа или прима факс, сигналот може привремено да ги прекине факсовите. Функцијата ECM (Режим за поправање грешки) на Brother може да помогне да се реши овој проблем. Состојбава е поврзана со индустријата за телефонски системи и е вообичаена за сите уреди што испраќаат и примаат информации на една, споделена линија со приспособени функции. Ако за вашата работа е важно да нема ни најмал прекин на сигналот, препорачуваме да користите одделна телефонска линија без приспособени функции. |
Примање факс
Проблеми | Предлози |
---|---|
Не може да се прими факс. | Проверете ги сите поврзани кабли. Уверете се дека телефонскиот кабел е приклучен во телефонскиот ѕиден приклучок и во приклучокот LINE на уредот. Ако се претплатите на услугите DSL или на услугите VoIP, контактирајте со вашиот давател на услуги за упатства за поврзување. Ако користите VoIP-систем, сменете ја поставката за VoIP на Basic (за VoIP). Со ова ќе се намали брзината на модемот и ќе се исклучи Режимот за поправање грешки (ECM). |
Уверете се дека уредот е во правилниот режим Прием. Ова зависи од надворешните уреди и од претплатничките телефонски услуги што ги имате на истата линија со уредот Brother.
| |
Друг уред или услуга на вашата локација може да одговорат на повикот пред да одговори уредот Brother. За да го тестирате ова, намалете ја поставката за Одложено ѕвонење:
| |
Некој нека ви испрати тест-факс:
| |
Ако користите телефонска секретарка (режим Надворешен TAD) на иста линија со уредот Brother, уверете се дека телефонската секретарка е правилно поставена.
| |
Уверете се дека е вклучена функцијата Откривање факс на уредот Brother. Откривање факс е функција што ви овозможува да примите факс дури и ако сте одговориле на повикот на надворешен или интерен телефон. | |
Ако често добивате грешки со преносот поради можни пречки со телефонската линија или ако користите VoIP-систем, сменете ја поставката за Компатибилност на Basic (за VoIP). | |
Контактирајте со вашиот администратор за да ги провери вашите поставки за функцијата на безбедно заклучување (Secure Function Lock). |
Испраќање факс
Проблеми | Предлози |
---|---|
Не може да се испрати факс. | Проверете ги сите поврзани кабли. Уверете се дека телефонскиот кабел е приклучен во телефонскиот ѕиден приклучок и во приклучокот LINE на уредот. Ако се претплатите на услугите DSL или на услугите VoIP, контактирајте со вашиот давател на услуги за упатства за поврзување. |
Не заборавајте да притиснете Факс и уредот да биде во режим Факс. | |
Отпечатете го извештајот за верификација на пренос и проверете дали има грешка. | |
Контактирајте со вашиот администратор за да ги провери вашите поставки за функцијата на безбедно заклучување (Secure Function Lock). | |
Побарајте од другото лице да провери дали има хартија во уредот што го прима факсот. | |
Слаб квалитет на испратените факсови. | Сменете ја резолуцијата на Фино или Супер-фино. Направете копија за да проверите дали работи скенерот. Ако копијата е со лош квалитет, исчистете го скенерот. |
Извештајот за верификација на пренос вели RESULT:ERROR. | Веројатно има привремена бучава или шум на линијата. Обидете се да го испратите факсот повторно. Ако испраќате порака PC-Fax и добиете RESULT:ERROR во Извештајот за верификација на пренос, можно е да нема доволно меморија на уредот. За да ослободите дополнителна меморија, може да исклучите Склад за факс, да ги печатите факс-пораките во меморијата или да откажете одложен факс. Ако проблемот продолжува, побарајте од телефонскиот оператор да ја провери телефонската линија. |
Ако често добивате грешки со преносот поради можни пречки со телефонската линија или ако користите VoIP-систем, сменете ја поставката за Компатибилност на Basic (за VoIP). | |
Испратените факсови се празни. | Уверете се дека правилно го ставате документот. Кога користите ADF, документот треба да биде свртен со лицето нагоре. Кога го користите стаклото на скенерот, документот треба да биде свртен со лицето надолу. |
Вертикални црни линии кога се праќа факс. | Црните вертикални линии на факсовите што ги испраќате вообичаено се предизвикани од прашина или од течност за коригирање на стаклената лента. Исчистете ја стаклената лента. |
Печатење примен факс
Проблеми | Предлози |
---|---|
![]() | Ова обично е резултат на лоша телефонска врска. Направете тест копија; ако копијата изгледа добро, веројатно сте имале лоша врска, со шум или пречки во телефонската линија. Побарајте од другото лице повторно да го испрати факсот. |
Вертикални црни линии при прием | Жицата со искричаво празнење може да се нечиста.Исчистете ја жицата со искричаво празнење на единицата на барабанот. |
Можеби скенерот на испраќачот е нечист. Побарајте од испраќачот да направи копија за да видите дали проблемот е во уредот за испраќање. Обидете се да примите од друг факс уред. | |
Примените факсови се појавуваат како разделени или празни страници. | Левата и десната маргина се отсечени или една страница се печати на две страници. Ако примените факсови се делат и се печатат на две страници или ако добиете дополнителна празна страница, можно е да е погрешна поставката за големина на хартија за хартијата што ја користите. |
Вклучете Автоматско намалување. |