Почетна > Ракување со хартијата > Ставање хартија > Ставање хартија во фиоката за хартија

Ставање хартија во фиоката за хартија

  • Ако поставката за проверка на хартија е поставена на Вклучено и ја извлечете фиоката за хартија од уредот, ќе се појави порака на LCD-екранот што ќе ве праша дали сакате да ги смените големината и типот на хартијата, ако е потребно сменете ги овие поставки според упатствата на LCD-екранот.

  • Кога ќе ставите хартија со друга големина и тип во фиоката, мора да ги смените и поставките за големина и тип на хартија во уредот или компјутерот.
  1. Целосно извлечете ја фиоката за хартија надвор од уредот.
    image
  2. Притиснете ги и лизгајте ги граничниците за хартија за да одговараат на хартијата.
    Притиснете ги зелените рачки за отворање за да ги лизгате граничниците за хартија.
    image
  3. Добро продувајте го купот хартија.
  4. Ставете хартија во фиоката за хартија со површината за печатење свртена со лицето надолу.
  5. Осигурете се дека хартијата е под ознаката за максимално дозволена хартија (image image image).
    Ако ја преполните фиоката за хартија ќе дојде до заглавување на хартијата.
    image
  6. Полека туркајте ја фиоката за хартија целосно во уредот.
  7. Подигнете го крилото на држачот за да спречите лизгање на хартијата од фиоката за излезни документи.
    image
Дали оваа страница беше корисна?