Почетна > Решавање проблеми > Заглавена хартија > Во фиоката за хартија има заглавено хартија
Во фиоката за хартија има заглавено хартија
Ако контролната табла на уредот или мониторот за статус покажуваат дека има заглавување во фиоката за хартија, следете ги овие чекори:
- Целосно извлечете ја фиоката за хартија надвор од уредот.
- Полека извлечете ја заглавената хартија.
Хартијата ќе ја отстраните полесно ако ја влечете надолу со обете раце.
- Разлистајте ги листовите за да спречите понатамошно заглавување хартија и лизгајте ги водилките за хартија за да одговараат на големината на хартијата. Ставете хартија во фиоката за хартија.
- Уверете се дека хартијата е под максималното ниво на хартија (
).
- Вратете ја фиоката за хартија цврсто во уредот.
Дали оваа страница беше корисна?