Почетна > Додаток > Информации за животната средина и усогласеност > Информации во врска со рециклирана хартија
Информации во врска со рециклирана хартија
- Рециклираната хартија го има истиот квалитет како и хартијата првобитно произведена од дрво. Стандардите за современа рециклирана хартија обезбедуваат дека хартијата ги исполнува барањата за највисок квалитет за различните процеси на печатење. Опремата за обработка на слики испорачана од Brother е погодна за користење со рециклирана хартија што го исполнува стандардот EN 12281:2002.
- Со купувањето рециклирана хартија се штедат природните ресурси и се унапредува циркуларната економија. Хартијата се произведува со користење на целулозни влакна од дрво. Со собирањето и рециклирањето на хартијата се продолжува животот на целулозните влакна низ повеќе животни циклуси со што максимално се искористуваат ресурсите.
- Процесот на производство на рециклирана хартија е пократок. Влакната се веќе обработени, па се користи помалку вода, енергија и хемикалии.
- Со рециклирањето на хартија се намалува испуштањето на јаглерод диоксид, односно производите од хартија не се фрлаат во депонија и не се палат. Депонискиот отпад го испушта гасот метан што значително придонесува за ефектот на стаклена градина.
Дали оваа страница беше корисна?