Почетна > Ракување со хартијата > Ставање документи > Ставање документи во фиоката за автоматско додавање документи (ADF)
Ставање документи во фиоката за автоматско додавање документи (ADF)
Користете ја ADF кога копирате или скенирате повеќе страници на документ со стандардна големина.
ADF може да ги задржи следниве страници и да го достави секој лист посебно:
Најмногу 50 листа
- Користете стандардна хартија од 80 g/m2.
- Осигурете се дека документите со коректор или пишувани со мастило се целосно суви.
- ВАЖНО
-
- НЕ оставајте дебели документи врз стаклото на скенерот. Ако го направите тоа, ADF може да се заглави.
- НЕ користете хартија што е извиткана, стуткана, свиткана, искината, захефтана, споена со спојница, слепена или залепена со селотејп.
- НЕ користете картон, весник или платно.
- За да се избегне оштетување на уредот при користење ADF, НЕ влечете го документот додека влегува во уредот.
Поддржани големини на документи
Должина: | 147,3 до 355,6 mm |
Ширина: | 105 до 215,9 mm |
Тежина: | 60 до 105 mm |
- Отворете го крилото на ADF-држачот за излезни документи.
- Добро продувајте ги страниците.
- Распоредете ги страниците на документот и ставете ги во ADF со лицето нагоре и со горниот раб прво, како што е прикажано на илустрацијата.
- Наместете ги граничниците за хартија да одговараат на ширината на документот.
Дали оваа страница беше корисна?